Отаде

Камено небо

Се случува отаде да иде
некоја сила незнајна
сокриена за да се открие
кога ќе влезе во молња
пред да пресече небо.

Тој стои отаде извор
на езеро среде езеро
недогледно разбрането.

Отаде веќе долго стамен
што никој не памети
низ колку века минал
осамен.

Дури отаде ќе се најде
силата незнајна без него
однапред сразена.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 64

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.