Се јагмат

Камено небо

Се собрале
на бојно поле
две срдити скрбни
скрвавени војски.

Ќе се јагмат
за нешто видливо
како невидливо.

Секој воин во нив
се прашува
исплашен
да си одговори
дали некој од нив
ќе остане жив
макар смртно ранет
за да раскаже
што се случило
по многу време
по нивните убивања
и самоубивања.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 56

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.