Сведок-Сведоштво

Потребно време за читање: < 1 минута

Најпрвин сведочиш пред времето во кое живееш. Не дека тоа те обвинува за нешто, туку затоа што си и ти дел од него. Тоа може, но не мора да биде твое; кое е или наспоредно со твоето или му е спротивставено. Сведочиш со стореното-нестореното, со направеното-ненаправеното, со создаденото-несоздаденото, со завршеното-недовршеното. Најчесто одговарајќи на неговото прашање: што оставаш твое како трага, за некакво постоење?

Потоа сведочиш за времето во кое си живеел, значи кое е веќе минато. Може како негов бранител, може и како негов обвинител. Твоето сведоштво им користи на сегашноста и иднината најмногу како трајно или минливо постоење на родот и народот на своја, во своја земја, под свој небосклон.

Најпосле сведочиш со твои зборови, мисли и дела за непокор, борба, самодокажување, одбрана на човечкото во човекот, единството, заедништвото, достоинството, идентитетот.

Цел живот биди сведок на животни вистини.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 179