Доследност

Тивки клокоти

Доследноста сама по себе e нескршлива, e нескротлива и е во темелот на опстанувањето, сосе постоењето на човекот.

Доследноста заслужува почит, недоследноста презир.

Доследниот му е најголем непријател на недоследниот. Знаејќи дека не може да го порази, недоследниот одбегнува каков било судир со него. Доследниот, пак, му е под честа да биде близу до него, а камо ли во борба со него да се докажува како таков.

Не политичарите, а политикантите се најнедоследни човечки суштества. Недоследен политичар е лесно препознатлив на политичката сцена и обично служи за потсмев и подигравка.   

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 171

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.