Хармонија

Тивки клокоти

Најважна, најпрва и најголема цел во животот на човекот, како единка и како дел од заедница, е и мора да биде живот во хармонија со природата. Значи рамномерно, рамносилно, споделувачки и со меѓусебно согласување и надополнување. Но, можна ли е таа ако човекот не е во хармонија со себесии  во себе? Секако не. Значи тој со самопочит, со лично достоинство, со свесност за сопственото постоење.

Никогаш да не се заборави на хармоничните односи меѓу материјалниот и нематеријалниот свет. Меѓу минливостите и дребнавостите од една, а од друга страна возвишените и трајните вредности.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 168

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.