Упорност-Истрајност

Тивки клокоти

Каква и да е, голема или мала, упорноста најпосле те доведува до некој твој врв. Без неа човек не може да преживее ни ден ни ноќ. Особено кога пречките се од големи поголеми и сè потешко се надминуваат.

Во што било, кон што било, како било и до кога било човек мора да биде истраен. Најпрвин да ја брани својата човештина во надвладувањето на секакви премрежија.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 166

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.