Возвишеност

Тивки клокоти

Возвишена мисла, возвишено дело, возвишено слово. На човек чист, честит, искрен, чесен, доблесен, достоинствен. Се возвишил тој сам или го возвишил народ? И сам и го возвишил народ. Сосе свесноста за вредноста и траењето.

Возвишеноста никогаш не е мигновена, ниту може да трае само некое време. Затоа што е неопходна како стаменост на човекот, како негово идентитетско препознавање. Како негови траги во минатото и негова вкоренетост во сегашноста.

Возвишени над минливоста на времето и над маргиналноста на животот.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 152

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.