Корен и дрво

Тивки клокоти

Исечено дрво до корен и корен. Ваушност, откорнат корен и исечено големо и разгранато дрво крај него. Зошто оставени така на гола каллива земја?!

Кој внимателно ќе погледне наоколу, лесно ќе заклучи дека се оставени така заради поројниот дожд кој уште малку ќе престане. Јасно е: дрвосечачите се собрале близу, можеби во колиба направена од некои пред нив, и чекаат да престане да врне; па да ги “доработат” со пила и секира, па да ги качат и наредат на тракторската приколка и да го фатат шумскиот пат.

Дрвосечачите не изгледа дека се дрвокрадци.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 133

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.