Умен

Умен е во рани зори
по сенишна бессоница
и гола уморина
среде уморнина.

Умен е тој.

Умен е по бесцелност
во беспатје до кое
го довеле траги
неизбришливи
од непријатели на
човечка постојаност.

Умен е тој.

Умен е по раѓања
на нови плодови
и води бликнати
мигум пресекнати
во последна битка
за спокојно траење
меѓу љубови и смрти.

Умен е тој.

Умен е по пронајдени
коски
од мртви потомци
собрани во коскена
планина со врв
што допира сонце
угреано прерано
предоцна зајдено.

Умен е тој.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 54

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.