Политика-Политичар

Потребно време за читање: < 1 минута

Да се занимаваш со политика, не треба само да ги знаеш основите на политикологијата, туку и да имаш широки познавања на сите области на животот; да си опитен, авторитетен, да си мислечка и творечка личност и да се имаш искажано и докажано со бележита животворност.

Да бидеш политичар, тоа најнапред значи да си докажан како чесен, искрен и достоинствен човек. И да си подготвен на саможртва за сегашноста и идинината на народот и државата.

За политика се политичари, а не попитиканти. Првите најнапред работат водејќи политика, а вторите политизираат работејќи.

Кои се за и со народот? Со политичарите народот си ја тера својата политика, а политикантите полека ги истерува на чистина додека не ги исчисти од пред себеси.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 112