Самотија-Осаменост

Потребно време за читање: < 1 минута

Одамна е воочена разликата помеѓу самоста и осаменоста: лесно е да си сам, а тешко е ако си во свое извесно време осамен. Најтешко, пак, е кога на човек му нема спас-дури до смрт ќе го изеде долга, та предолга самотија.

Самоста секогаш има крај, скорешен или далечен. Зависи од тебе, ама може да зависи и од други. Од тебе е според твоја мера, ти прилега, а од други поначесто е немерна и намерна.

Осаменоста најчесто поразува, разболува, а може никогаш да не одболи. Никогаш не е прифатлива за долго, та предолго.    

Самоста-самотата концентрира, поттикнува, може да биде многу творечка, а осаменоста никому не му е требна и од никого не е сакана. Во кои било години од животот.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни записи, 107