Совет

Тивки клокоти

Од многу совети глава не боли? А од малку? A што ако нешто друго заболи?

Јас совети не давам баш за некого да не го заболи глава, па да ме обвини и да ми побара лек. Ниту сум по лекарства. Дури и кога некој ќе ми побара, се разбира помлад од мене, не му давам, туку му препорачувам да познае, дознае, сознае сам, па после да провери, одмери и домери. И да не го заборави тоа, особено кога нема да го примени.

Јас совети не давам, туку само кажувам, покажувам, докажувам или откажувам. 

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни записи, 106

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.