До пред некое време беше
еден без други свои
по смислено разделување
а некое време сè повеќе
се оддалечува од нив
согледувајќи дека е
сè помалку еден од искони.
Тоа дека совреме
бил уште надежен
и со ближни свои
всушност било недовршено
разделување
всушност била состојба
на помиреност на немоќ
да се врати заедништвото.
Прашањето што одамна
го измачува
како еден без други свои
е дали има сила и ум
да се спротивстави
по толку години самост
на конечно меѓусебно
непознавање
веќе непрепознавање
како никогаш да не бил
со нив единствен.
Всушност право прашање
е дали сегашното и идното
оддалечување од други свои
значи скорашно
едновремено исчезнување.
ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 52