Едности IV, 221-225

221. Многупати

Срце обвиено со студ и тишина.

222. Почнување

Конечно почнува игра на живот.

223. Сопатници

Среќавам сопатници во беспаќе.

224. Белина

Слушам говор со недоречена белина.

225. Рано

Уште рано за птици во сончев зрак.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.