Едности, IV, 211-215

211. Море

Дамна не е со него неговото море.

212. Дожд

Ме врне дожд без свое годишно доба.

213. За опстанок

Сè во човек самак деноноќно.

214. Под стрмнина

Пази се да не те раскости стрмнинава.

215. Имашлив

Има сè за живородна мирнотија.    

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.