Доверба-Недоверба

Тивки клокоти

Довербата се стекнува тешко, макотрпно, долгорочно, а се губи мигум, лесно и неповратно. Особено во скудни времиња. Недовербата, пак, не се случува мигум, туку расте бавно и бавно се зацврстува; независна е од какво било време и невреме, ниту од кое било човечко доба.

Довербата најмногу им пречи на оние што немаат самодоверба. Зашто никако не им успева да ја стекнат или да ја повратат изгубената поради лага и изневера.

Недовербата е поретко по изгубена доверба, а многу почесто иде од внимателност, лошо искуство,  по лоши последици поради чинење или нечинење.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 99

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.