Еднаквост-Нееднаквост

Потребно време за читање: < 1 минута

Мудростите на големите луѓе, оние што со своето дело ја задолжиле човековата цивилизација, како и изреките, пословиците-поговорките, ги запишуваме за кога на нас ќе навали заборавот. Ако катадневно не ни користат, ако катадневно не ги користиме, и мислата ни и зборот ни немаат тежина, свежест, автентичност. Многу се, недоброј, и се искажани или напишани толку прецизно, над сè јасно и едноставно, што лесно можеме да згрешиме нешто во нив при прекажувањето или препишувањето, па да изгубат најмногу од себеси. На пример за еднаквоста и нееднаквоста :

Тие го следат човекот од раѓање до смрт. Тој постојано се бори еднаквоста да му е меѓу првите во личната и колективната слобода, а нееднаквоста да ја надминува уште при првиот чекор, уште при првите чекори во слобода.

Еднаквоста и нееднаквоста најмногу ги определуваат делата на човекот.

Можеме да бидеме еднакви во сè? Се разбира не. Треба ли да бидеме еднакви во сè? Се разбира не.

Прочитај и за ... >>  Различностите

 Прифаќаме да бидеме нееднакви за да живуркаме? Во никој случај и никако! Се помируваме со нееднаквоста во животот до смрт? Никогаш и никаде!

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 97