Демократија-Тиранија

Тивки клокоти

Нема кој не знае што е демократија, а сепак сите ја бараат, сите се огнени борци за неа. Борба за неа, а против тиранија.

На многумина им е полесно да ја обвинуваат власта оти е тиранска, ја оневозможува демократијата или не ја дава доволно, дури ја поразува; одошто да се (пре)испитаат себеси дали и колку се борат за неа во името на сите; колку ја користат не злоупотребувајќи ја. А против власт тиранска просто е невозможно демократски.

Секој знае што е демократија, а што тиранија. Но, колкумина знаат кога, каде и колку е доволна демократијата, а како и до кога против тиранијата? Не за секогаш и секаде демократија и никаде и никогаш тиранија?

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 94

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.