Болка-Заболување-Болест

Тивки клокоти

Нема болка што не може да се совлада, ниту болка што макар со време да не се излекува. Ама има болка што не се преболува, не се заборава и повторно рана отвора.

По долга, та предолга болест, исто како по болести една по друга и една во друга, најчесто совреме, но и предвреме и повреме човек се лечи или се предава оти е болеста неизлечива. Бара и волја и надеж и сила за да се надвладее или со неа до смрт да се живее.  

Најдлабоката болка, најтешкото заболување и долго излечива или неизлечива болест ја предизвикува љубовта. Oсобено љубовта на самотник.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 92

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.