Слобода-Ропство-Независност

Тивки клокоти

Може ли човек да биде слободен меѓу заробени и во ропство? Се разбира дека не може.

Може ли човек  да биде независен меѓу зависни? Се разбира дека не може.

Може ли човек сам да се бори и да се избори за сопствената слобода? Секако не.

Може ли човек да се бори за сопствено слободоумие против заробени умови? Секако може.

Што е суштина на човековата слобода и независност?

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 91

 

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.