Едности IV, 206-210

206. Прегрнати

Се прегрнале длабок сон и рано утро.

207. Товар

Се натоварил со бессоници безброј.

208. Тајно

Цел живот збира азно прекуноќно.

209. Тевна

Се најдовме во тевна по зловреме.

210. Стига

Не одиш натаму оти ти стига дотука.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)   

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.