Едности IV, 201-205

201. Звуци

Звуци од сегде за со нив негде.

202. Клима

Клима без која човек не е.

203. Паѓање

Предолго паѓање од висок врв.

204. Некој

Излегол на виделина жив.

205. Намерен

Незнаен сам со луѓе страдни.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.