Врска

Потребно време за читање: < 1 минута

ПРВО ДА СМЕ НАЧИСТО: ПОЧЕТНАТА ГОЛЕМА БУКВА НЕ Е ГОЛЕМА ЗАШТО Е ПОЧЕТНА, ОСВЕН  НА ПОЧЕТОК НА КАЖУВАЊЕ ШТО-ГОДЕ, ТУКУ ЗАШТО НЕМА ВРСКА СО ПРЕТХОДНА ГОЛЕМА ИЛИ МАЛА. КАКО СĖ ДРУГО ГОЛЕМО ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАЗНАЧИ КАКО ТАКВО.

НАГЛАСКАТА МОРА ДА БИДЕ НА ВРСКАТА МЕЃУ СМИСЛАТА, ПРИЧИНАТА И ТРАЈНОСТА НЕ НА ЕДНА, А НА МНОГУ, А НА СИТЕ ГОЛЕМИ БУКВИ. ПОГОТОВО КОГА НЕМА НИШТО ДРУГО КАЖАНО ИЛИ ДОКАЖАНО ВО НИВ. СЕ РАЗБИРА, БЕЗ МАЛИ БУКВИ. НИТУ НЕЧУЈНО, НИТУ ШЕПОТЛИВО, НИТУ, ПАК, НАПАТИ СПОКОЈНО, НАПАТИ ВОЗБУДЕНО. ИСТО КАКО СĖ КАЖАНО ИЛИ ДОКАЖАНО НА ПРВА СТРАНИЦА НА ШТО-ГОДЕ, ТАКА ШТО ДА НЕМА ПОТРЕБА ОД ВТОРА, ТРЕТА ИЛИ НЕИЗБРОИВО КОЛКУ.

ПОЖЕЛНО Е, АМА Е НЕБИТНО  НАЈГОЛЕМА ВРСКА ДА ИМА МЕЃУ ГОЛЕМИ БУКВИ, ВИК И ЕКОТ. ИСТО КАКО МЕЃУ ГОЛЕМА БУКВА И ПОВИШЕН, ОДНОСНО ВАЖЕН ТОН ВО ГЛАСОТ. ТОА НАЈМНОГУ СЕ ОДНЕСУВА НА КАЖУВАЊЕ ИЛИ ПЕЕЊЕ ПЕСНА. ОД ШТО ПРОИЗЛЕГУВА ДЕКА ЧУВСТВУВАЊЕТО НА КАЖУВАЊЕТО ИЛИ ПЕЕЊЕТО ПЕСНА ЗАВИСИ ИСКЛУЧИВО ОД РАСПОЛОЖБАТА И НЕРАСПОЛОЖБАТА НА СЛУШАЧОТ. ШТО ЗНАЧИ ДЕКА Е ПОЖЕЛНО, АМА Е НЕБИТНО ДАЛИ ГОЛЕМИТЕ БУКВИ СЛУЖАТ КАКО ПОДРАЖАВАТЕЛИ.

НАЈГОЛЕМИ МЕЃУ ГОЛЕМИТЕ СЕ ОНИЕ БУКВИ ШТО ИМААТ ВРСКА САМО СО ОНА ШТО ГО КАЖУВААТ ИЛИ ДОКАЖУВААТ ДО ТОЧКА. ТОА, ПАК, ЕДНОВРЕМЕНО УКАЖУВА НА НЕПОРЕКЛИВОСТ ДЕКА ПО НЕА НЕМА НИШТО. ПО НЕА Е МОЛК. НА КРАЈОТ НА КРАИШТАТА,  МОЖЕ ОДНОВО ДА СЕ ВОСПОСТАВИ ВРСКА СО ГОЛЕМИ БУКВИ ПО СЕКОЈА ТОЧКА.

ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ СЕ СЛУЧИ ГОЛЕМА ВРСКА МЕЃУ ГОЛЕМИ БУКВИ НА ПАТ ПРОБИЕН НИЗ РИДЈЕ И УРИВАЊЕ НА НЕГО НЕГОВИ ГОЛЕМИ СТЕНИ. НИЗ КОИ Е НЕМОЖНО ПАК ДА СЕ ПРОБИЕ.

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 40