Безнадежноста убива каква било дејственост и делотворност во човекот. Таа е во исто време последен и конечен пораз на неговиот опстанок и неговата постојаност. Со безнадежен ни стоење во место ни чекор напред на свој пат, но и на заеднички до заедничка цел.
Неизвесноста е пред безнадежноста или по неа? Како за кого. За кого е неизвесноста иста со безнадежноста? За оној што не верува дека може да биде поинаку одошто е, па му се предал или му се предава на оној што предводи во денес и утре безнадежни.
Безнадежноста е еднаква со рамнодушноста и малодушноста или попрво со залудноста? Во животот на секој човек тие се еднакви и едновремени, а најчесто се рамносилни.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 89