Форми и содржини

Потребно време за читање: < 1 минута

Нема постојани,
нема ни неменливи,
нема ни мигновени,
ниту трајни
форми и содржини
меѓу животи
кои некогаш создале,
повеќе отсега сознале
вредности
во време со живи игри,
меѓу смрти кои биле
сал голи коски во земја
неплодна
што се простира од негде
до сегде неименувана.

Ни мигновени,
ни неменливи,
ниту трајни
форми и содржини
како ѕидини до небо
од грамадни срца
човечки
што чуваат светови
големи и мали;
кои биле, а веќе не се,
кои се, а уште не биле,
за опстанување
на сегашни предци
и идни потомци.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Зрачат сни, 5