1. Чевел
Еден чевел од детство во соба
преполна со густа пајажина.
2. Постела
Човек во камена постела
немошен по борба со болести.
3. Претстава
Се случуваат смрти на сцена
пред рамнодушни гледачи.
4. Преуморен
Не може ни глава да крене
од тежини туѓи, неизмерни.
5. Мртов град
Одамна пустошен, мртов град,
меѓу урнатини ни жива душа.
6. Каменит
Се скаменил предел по замин
на последен староседелец.
7. Онемени
Луѓе онемени и безлични
од пробивни писоци и крици.
8. Уште
Пред негови очи
само нејзина убавина.
9. Иста слика
Се повторува слика пред зора:
На хоризонт разгорен жив оган.
10. Незнаен
Кој е оној човек меѓу сенки
на самотни мраморни луѓе?
БИДУВА, Како било, двостишија (песни во два стиха), 1-10