fbpx Прескокни до главната содржина

Бидува, 61-65

Бидува

61. Претстава

Се менува долговременска претстава,
а глумците исти од вчера.

62. Нечиј крај

Не знам чиј е крајов,
заскитан меѓу моиве.

63. Утро по самрак

Сепак утро и за мене,
по уште еден самрак.

64. Бранови

Сè почесто бранови
исти водни и небесни.

65. Сјајни ѕвезди

Веќе не сум меѓу ѕвезди небесни.
По одамна во загадочен мрак.

БИДУВА, поезија/двостишија

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.