Чест, Честољубие, Чистота

Тивки клокоти

Честа и честољубието исто вредат и исто ги брани честит човек. Зашто нему му е чистотата највредна-чистотата на срцето и душата.

Честа и честољубието се од дело, со дело и за дело. За чест се живее, со честољубие се умира. Додека со чистота стои или оди напред, но никогаш назад не се враќа.

Со чест, честољубие и чистота човекот е човек. 

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 80

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.