Активност, дејственост, работливост

Тивки клокоти

Треба да се биде активен, да се биде дејствен секој ден, секој час, ако може секоја минута од животот. Постојано, незапирно, дури без здив. Зашто и здивот треба да ни биде активен, да ни биде дејствен. На пример кога е одмор за собирање на сила и енергија пред нова активност. Активизмот, дејственоста ја одржува виталноста на човекот, го покажува и докажува во неговата целосност. Затоа со право се бара тој да биде прва негова задача.

Блазе си му на работливиот. Тој создава, гради и надградува. Зашто не му е ништо тешко. Зашто се научил да работи за себе и за други; за себе како за други, за други како за себе. Ниедно време, ни нашево не е за денгубење, безделничење. За денгуби, за безделници секое и какво време им е бреме.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 79

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.