Критика

Тивки клокоти

Не треба да се биде негативен спрема критиката или нејзин негатор. Можно е во создавањето и создаденото да не го согледуваме-догледуваме недостатното, несоодветното, неприлежното, лошото.

Ама треба да се вардиме од недобронамерната, недоследната и злонамерната критика. Со еден збор, онаа што се препознава како искажана или напишана од инфериорност или од личен пораз.

Не е проблемот да се биде критичен, туку како да не се биде тенденциозен, малициозен, недостоен и неодговорен.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 77

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.