Со закони до права и правдини. Без нив никој сигурен, безбеден, никој слободен, самостоен, никој доволен, задоволен, никој свој и единствен.
Без нив страховладение, беда, недостојност, понизност, нечесност и срам.
Суштинско прашање за опстанок на народ и држава:
Колку се почитува законот и колку доследно, врз сите се спроведува?
Во Декларацијата за правата на човекот е запишано: „Законите треба да бидат еднакви за сите, и кога штитат и кога казнуваат“.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 76