Предавање

Потребно време за читање: < 1 минута

Годините на премин од зрелост во години ѝ го прават своето на нејзината личота, а особено на нејзиното тело. Сè почесто се гледа во огледало немоќно, без обид барем да прикрие нешто за некое време.

Од ден на ден ѝ се збрчкува лицето. Забележува сè подлабоки брчки на челото и сè поголеми и помодри подочници. Косата и веѓите сè повеќе ѝ обелуваат, а подбрадокот ѝ станува сè подебел.

Од ден на ден телото ѝ станува сè поопуштено, дури сè поомлитавено. Кожата не само што ѝ бледнее, туку од ден на ден ѝ станува некако провидно. Боските како од ден на ден да ѝ се смалуваат, како да ѝ пресушуваат, а овде-онде, особено на стомакот и се јавуваат сè позабалежливи, поистакнати масни наслаги. Облините на бедрата и задникот сè повеќе ѝ се изобличуваат. Нозете сè поочигледно ѝ губат од еластичноста. Станува сè повидливо салото на нив, а веќе престана да се бори против сè пораширениот целулит.

Ни самата на себеси не знае да си одговори зошто од ден на ден сè повеќе му се предава на сладострасјето. Со пријатели и познати. Дури и со непознати, по случајни површни запознавања.

НАВНАТРЕ И ОДНАТРЕ, раскази/ескизи, 20