Едности IV, 186-190

186. Замисла

Неизречена, а скаменета мисла.

187. Нестрплив

За него конечно мора конечно!

188. Ни сега ни некогаш

И ваков и онаков пес за човек.

189. Делби

Далечни до последна разделба.

190. Стареење

Он старее од изминат живот.

ЕДНОСТИ, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), IV

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.