Страв-Кукавичлак

Тивки клокоти

Кој од кого се плаши, лесно секогаш со време се открива. Стравот од други, особено од оние околу и пред е поголем кога се нема самосвест за сопствените вредности и способности.

При страв се забавува, дури се запира чекорот, дејствувањето, активитетот.

Треба да се потиснува доколку се има? Да се прикрива? Да не се покажува? Не, туку да се совладува, да се поразува каков и да е.

Има ли нешто добро од стравот? Можеби само оти ја поттикнува, ја мобилизира концентрацијата на она што се прави, со што е можно попредвидливи последици.

Во страв нападот е најдобра добрана? Напротив!

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 73

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.