ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 70

Потребно време за читање: < 1 минута

70. Трпеж-Крпеж

Многу е кажано и уште многу може да се каже за трпежот и крпежот. Најмногу да каже оној што бил многу и во трпеж и во крпеж. И помеѓу нив.

Секој ова: јакнат слабак, челичат храбар и крпеж и трпеж.

Во мојот животен век најмногу научив, најмногу искусив, најмногу издржав и најмногу достојував на нозе благодарение на издржувањето на трпежот наспоредно со борбата против крпежот.

Најважно од сè е дека и трпежот и крпежот не смеат да траат предолго. Од долго не пукаат јадот и гневот, а од предолго тие распукуваат.