ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 67

Потребно време за читање: < 1 минута

67. Дело

Во делото го препознаваме човекот. Колку е голем, а колку мал. Без дело неговото постоење е залудно, ништожно, никому потребно. 

Делото е од дејствување и е секогаш делотворно. Никогаш не може да биде докрај создадено-завршено, туку е секогаш за досоздавање.

Нема големи и имали дела. Има дела што успеале и дела што не успеваат да  го продолжат времето на својот создавач во нечие друго. Како неповторливо сведоштво на постоењето.