Благодарност-Неблагодарност

Тивки клокоти

Благодарен сум за секоја насмевка, за секој поглед што иде од љубов, искреност, радост, нежност, верба и доверба. Благодарен сум за спокојот што ми го дарува создаденото што ме препознава и опстанува.

Благодарен сум за каква било и најмала помош во живеачкава, во времево, во постоењево.

Неблагодарност за сторено добро оти не требало да се стори. Не e грешено стореното, ами мислата дека кога нема возврат ќе има барем благодарност.

Колку неблагодарни луѓе на чекор од нас, во чекор со нас? Во недоброј, во недоглед, во немерност. Од што луѓе ни на времето кое по ред си иде не му се благодарни.

А куче што не те знае и да го раниш ќе те лае.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 63

За авторот: Горан Димитровски

Основач и извршен директор на Digital Media Creative Pro, со над 20 години искуство во дигитален маркетинг и визуелни комуникации. Специјализиран е за креирање ефикасни дигитални стратегии, проектен менаџмент и дигитализација на процеси во мали и средни компании.

За повеќе написи од авторот кликни тука.