Штедење-Штедливост

Тивки клокоти

Треба да се биде штедлив? Во сè?

Треба ли и животот да се штеди? Зависи што од него. Здравјето сигурно, по малку и силата-да се сочува за стари години, но не во заедништвото, зборувањето, промислувањето…

Човек не треба воопшто да се штеди кога е збор за творечката енергија. Без оглед што тоа се одразува на сè.

Народот за штедливоста си го кажал своето. Сосема е разбирливо најмногу за парите, без оглед што знае дека „парите се отепувачка“.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 62

За авторот: Горан Димитровски

Основач и извршен директор на Digital Media Creative Pro, со над 20 години искуство во дигитален маркетинг и визуелни комуникации. Специјализиран е за креирање ефикасни дигитални стратегии, проектен менаџмент и дигитализација на процеси во мали и средни компании.

За повеќе написи од авторот кликни тука.