59. Ѓавол
Ни со еден, а камо ли со многу ѓаволи. Еден цел живот те следи во чекор и чека да те начека, да те обземе, да те зароби, а многу те напаѓаат за без престан да го урнат или разурнат човечкото во тебе.
Ангелот во тебе, пак, не се бори против ѓаволот или ѓаволите, но те штити од ѓаволштини и те осилува да се бориш за луѓето да бидат и останат луѓе.