Едности IV, 151-155

151. Оставено лесно

 Зад него сè лесно од него.

152. Една

И за себе и за сите една убавина.

153. Трк

Меѓу две воздишки трк кон спокој.

154. Ќор-сокак

Толпа луѓе ненадејно во ќор-сокак.

155. Внимание

Му треба внимание во продолжение.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.