Едности IV, 126-130

126. Опасност

Никој никогаш оган што пеплосува.

127. Досега

Крај и на пустелија бескрајна.

128. Нешто

 Ќе се случи бликната возбуда.

129. Мала иктиза

Да ти слушнам немост ледена.

130. Одраз

Во огледало лик незаборавен.

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.