ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 116-120

116. Меѓник

Останал меѓников без два лути молка.

117. Може

Човече некое си бил, а сега си ништо.

118. Клик

Во зори кликови на долетани птици.

119. Освен

Спротива ветроштина, освен тишина.

120. Тракање

Му трака тракатанец на ранобуда. 

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.