ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 101-105

101. Стои

На земја стои пред да се вивне.

102. Добројување

Добројува негови камења стамени.

103. Ливоти

Ливоти и луѓе во кафези.

104. На игли

Он на игли пред соништа поројни.

105. Краина

Една краина без жива душа.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.