ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици, 46-50

46. Старо дрво

 Меѓу луѓе старо дрво без срцевина.

47. Палави години

Играат години и небрежно се трошат.

48. Гола вистина

Излегла гола вистина пред лажен свет.

49. Светло во мрак

Оставил некој светло во мрак мрежен.

50. Кланци

Меѓу наши планини безброј кланци.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.