ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 41-45

41. Инаку

Ние инаку не би можеле денес.

42. Гледам

Те гледам подалеку од што гледам.

43. Легло

 Ветар си направил легло во стена.

44. Како вител

Во вител ти како вител.

45. Љубов пред смрт

Спокој пред очи што гаснат.  

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.