ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 31-35

31. Од игра на пеколна болештина

Инјекција со глава во вратот.

32. Темел на куќа

Открив темел за куќа нечија.

33. Пусти улици

Опустеа улициве. Нема жива душа.

34. Урнатини

Сегде урнатини со мртви во нив.

35. Никој и ништо

Последен пред смрт во пустелија.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.