Македонскиот говорен јазик и странските зборови и изрази

Потребно време за читање: < 1 минута

Во македонскиот говорен јазик мошне често намерно се „вметнуваат“ странски зборови и изрази (случајно не е можно) кои според својата „природа“ едноставно не можат да се вклопат. Од друга страна, за нив постојат наши, со исто значење, но и поприлежни, позвучни, па и со поширок опфат и значење.

Најнов пример е „бенчмарк“, кој никако не би можел да се вгради во нашот јазик. Едно поради несоодветна, несогласна структура-застапеност на согласките и самогласките, а поради што е премногу „туѓ“, а друго оти има македонски збор со исто значење: одредница.
Се разбира, како и секој друг јазик, и македонскиот подлежи на влијанија од други, особено од тн. големи. А и самиот како жива материја треба да се богати, да се „отвора“ за зборови- термини или со синонимно или со ново значење (на пример од компјутерскиот- дигиталниот свет).
Еве еден избор од странски зборови и изрази кои потоа ќе ги наредиме во „логичен ред“ односно „разбирлива“ порака:
осцитација– проѕевање, дремење; немарност, тромост; начин на изразување на отменост на некои господа кои во разговор со помлади од себеси немарно учествуваат и секој час се проѕеваат; оттука: потценување, гледање од високо, изигрување на господство и отменост;
реверенција– почитување; длабок наклон, клањање;
интуиту– со оглед дека, во однос на;
посесивен- присвоен, кој означува поседување;
-махерај– работа што е изведена на штета на некој друг, вешто изведен подвиг, ујдурма, измама;
-фриволност– раскалашност; лекомисленост; дрскост, безобразлук; ништожност, безначајност.
„Разбирливата“ порака:
Интуиту осцитацијата ти е дел од махерајот, немам реверенција спрема тебе. Едно оти се покажа како мошне посесивен, а друго поради фриволноста што во меѓувреме ја докажа.

 

 

Leave the first comment