Расказ во еден наслов

Потребно време за читање: < 1 минута

ЈАС. ПИШУВАЧ СО МИСЛА, НАПИШАВ РАСКАЗ ВО ЕДЕН НАСЛОВ ЗА ПРОДОЛЖЕНИЕТО БЕЗ ПОЧЕТОК И СОГЛЕДЛИВ КРАЈ.  КОЈ НЕ Е ЗА КАКВА БИЛО УПОТРЕБА. ГО ОБЗНАНУВАМ ЗА ЛИЧЕН ПРОЧИТ:

ЕДЕН ЧОВЕК СО КОГО СЕ ДРУЖАМ ОД ДАМНИНА СĖ УШТЕ УСПЕВА ДА НЕ МИ ОТКРИЕ ОД КОГА ПРОДОЛЖИЛ ДА ЗАЖИВУВА КАМЕН ВО ТИШИНА КАКО ЖИВА ПУСТИНА. ЗАТОА НЕ СЕ НИ ОБИДУВАМ ДА ПРОНАЈДАМ НА ЗЕМЈА, ПОД ЗЕМЈА ИЛИ НА НЕБО НЕКАКОВ ЗНАК ШТО БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ БАРЕМ НАЈАВА НА НЕГОВИОТ ПОЧЕТОК. НЕ СЕ ОБИДУВАМ НИ ДА ГО СОГЛЕДАМ КРАЈОТ НА ТОА НЕГОВО ЗАЖИВУВАЊЕ, ОД ПРОСТА ПРИЧИНА ДЕКА ЛИЧНО ТОЈ НЕ МОЖЕ СО КОНКРЕТНО ДЕЛО ДА СОГЛЕДА БАРЕМ КОН КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ТРГНЕ ЗА СИГУРНО ДА СЕ СТАСА НА НЕГО.

ОЧЕКУВАМ ВО СКОРА ИДНИНА ДА ПОРАЗГОВАРАМЕ НА ОВАА ТЕМА, ОСОБЕНО ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ЗАБРЗАНО МИНУВА НАШЕТО ЗАЕДНИЧКО ВРЕМЕ.

ЖИВО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА БОЛЕСТА ШТО МИГУМ МУ ГО ВКОЧАНИ ТЕЛОТО НЕ Е НЕИЗЛЕЧИВА, ПА ТАА НЕМА ДА БИДЕ ПРИЧИНА ДА НЕ СЕ СРЕТНЕМЕ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ.

МЕ ХРАБРИ ТОА ШТО ГО ВИДОВ РЕЧИСИ ЗАЖИВЕАН КАМЕНОТ ВО ТИШИНА КАКО ЖИВА ПУСТИНА.

НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 29