38. Јунак-Јунаштина-Храброст-Смелост
За да издржиш сè што се случува околу тебе, на плеќи да го носиш а да не подгрбавиш, не треба само трпение и енергија, туку и хаброст-јунаштина. Особено кога го носиш во надеж дека нешто од сè ќе се смени на поарно, ќе биде како што ни прилега и нам и на времево-човечки.
Ненасетно, но војна водевме и водиме. Околу нас, помеѓу нас, со нас, во нас. Не само за гола егзистенција, за преживување до заживување, ами со иста настојба; можеби поголема во самодокажувањето, во потврдата на личниот и колективниот-националниот идентитет.
Колку што ја имаме храброста-јунаштината, уште толку ни треба за да го надминеме времево и да се надминеме себеси.