Јадење-Храна

Тивки клокоти

Прво за јадење да имаме, а за друго после ќе видиме. Кога немаш за јадење себеси се немаш, а и други те немаат на ум. За последен ќе те земат, во своите редови ќе те примат колку да не умреш од глад. Засега уште се трпи некако сè што се прави и се направи за колку ос глад, беда и јад да не умреш.

Колку за јадење барем уште малку имаме.

А власта си ја знае работата. Не треба да ѝ се мешаме, туку само да ја слушаме. Таа вели дека треба да издржиме до друго време, не на изобилство ами на доволност, па во него сè ќе биде полесно.

Издржуваш? Бласе си ти. Има и други такви како тебе-бескрајно и безмерно издржливи?!

Да јадеш колку никогаш да не се најадеш. Храната  е здравје кога го продолжува животот, а болест кога го скусува.

Да, важно е што јадеш, но е исто толку важно колку јадеш. Јади умерено и здраво, значи никогаш многу и секогаш она што ти ја крепи снагата и ти ја обновува расположбата.

Прочитај и за ... >>  Историјата

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 35

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.